УНГАРСКИ ТАНЦИ И ПЕСНИ НА ПЛАТОТО ПРЕД НУЦК „МАРКО ЦЕПЕНКОВ“ – ПРИЛЕП
Среда 7. Август во 20 часот на платото пред НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи „Вечер на унгарски песни и танци“ во соработка со Здружението на Унгарците во Македонија и Амбасадата на Унгарија во Македонија.Ќе настапи оркестарот Јухас, еден од најистакнатите оркестри на унгарско тло ифолклорната група Дуна Танода од Баја Унгарија.


