ВО ЕДЕН КАДАР – Димитар Ѓорѓиевски
Празнично издание со Димитар Ѓорѓиевски. Муабети за празниците, филмот, спортот и секако песна.
Празнично издание со Димитар Ѓорѓиевски. Муабети за празниците, филмот, спортот и секако песна.
Со Андријана Chello разговараме за нејзиниот пат низ музиката. За Дуо Волчело, Трио Долче, за поезијата и рачно изработените украсни картички. Свиревме малку и се надеваме дека и вие додека гледате супер ќе се забавувате. Целата емисија:
Со Мими Марковски склучивме примирје меѓу Прилеп и Битола. Разговаравме за неговиот пат низ медиумите и музиката. Каква музика сака, каква музика продуцира и каков предзивик му бил да направи песна за „Серенада фест“. Целата емисија:
Со Филип сумираме впечатоци за неговиот настап на концертот на Меморија, за неговите почетоци во музиката, за кафанските свирки. Еден вечно насмеан млад човек, кој бескрајно ја сака музиката и како што често знае да напише „Музиката е најголемата магија на светот“
Со Сара Спиркоска разговараме за театарот и предизвиците на младите невработени актерви во Македонија. Мултиталентирана млада актерка која сама се бири за секој ангажман
Супер разговор со првата дипломирана контрабасистка во Македонија. Разговаравме како може да се стани професионален музичар и во случај кога првиот контакт со музички инструмент е дури во средно училиште. Кога се сака силно, целта ќе се постигне дури и кога се нема најголема поддршка. Благодарност до НУЦК„Марко Цепенков“ – Прилеп за отстапената сцена:
Игор е човекот кој има „транзистор“ во главата. Некогаш благослов некогаш клетва. Разговараме за неговиот музички пат, бендовите, музиката воопшто. Интересен разговор со супер интересен човек:
Со Александра разговараме за нејзиното искуство на „крузер“, за почетоците, каква музика таа сака и уште многу други интересни теми. Ни испеа две преубави песни.
Со Дани разговараме за МТЦ Зона, за Прилепски Театар, за ноќниот живот во Прилеп. Една посебна епизода од многу аспекти. Многу се смеевме, ама бевме и по малку сериозни.
Втората сезона на „ВО ЕДЕН КАДАР“, ја започнуваме со еден исклучителен млад човек. Психолог по професија, но и поет, пејач и како што вели, делува на полиња кои што го прават подобар човек. Со Дуко отворивме повеќе теми: -Дали сме пасив-агресив народ? -Зошто не танцуваме? -Имаме ли недостасток од личен идентитет?