ВО ЕДЕН КАДАР – Сара Спиркоска (ВИДЕО)
Со Сара Спиркоска разговараме за театарот и предизвиците на младите невработени актерви во Македонија. Мултиталентирана млада актерка која сама се бири за секој ангажман
Со Сара Спиркоска разговараме за театарот и предизвиците на младите невработени актерви во Македонија. Мултиталентирана млада актерка која сама се бири за секој ангажман
Супер разговор со првата дипломирана контрабасистка во Македонија. Разговаравме како може да се стани професионален музичар и во случај кога првиот контакт со музички инструмент е дури во средно училиште. Кога се сака силно, целта ќе се постигне дури и кога се нема најголема поддршка. Благодарност до НУЦК„Марко Цепенков“ – Прилеп за отстапената сцена:
Игор е човекот кој има „транзистор“ во главата. Некогаш благослов некогаш клетва. Разговараме за неговиот музички пат, бендовите, музиката воопшто. Интересен разговор со супер интересен човек:
Со Александра разговараме за нејзиното искуство на „крузер“, за почетоците, каква музика таа сака и уште многу други интересни теми. Ни испеа две преубави песни.
Со Дани разговараме за МТЦ Зона, за Прилепски Театар, за ноќниот живот во Прилеп. Една посебна епизода од многу аспекти. Многу се смеевме, ама бевме и по малку сериозни.
Втората сезона на „ВО ЕДЕН КАДАР“, ја започнуваме со еден исклучителен млад човек. Психолог по професија, но и поет, пејач и како што вели, делува на полиња кои што го прават подобар човек. Со Дуко отворивме повеќе теми: -Дали сме пасив-агресив народ? -Зошто не танцуваме? -Имаме ли недостасток од личен идентитет?
Млад музичар, кој сака да чита и како апсолутен слухист ниедна бучава не му смета. Кога слуша мотор кај што брчи, не се нервира, а открива од кој тоналитет брчи и му пее терца. Погледнете ја последната епизода за летната сезона! Се гледаме во Октомври !
Млад, амбициозен, талентиран пејач кој сериозно си ја сфатил работата. Само 21 година, два бенда и соло кариера во зачеток ! Ни испеа три песни и е вистинко уживање да се слуша. Ги има сите квалитети за Македонија да му е мала. Погледнете ја целата емисија::
Ем емотивни, ем мудри муабети и најава на концерт со Зарина Првасевда ! Од видеата на Пелистер и Шара до концерти и фестивали низ Македонија и Европа! Прилепчани, да си пишите датум и место: 23 Август на големата сцена во НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп! Билети во Марко, Лувр и Чоше.
Актер, режисер, поет, а тој во тие призванија не гледа разлика. Неверојатно богат уметнички живот исполнет со патувања и авантури. Можеби и најголемиот бунтовник меѓу сите прилепски уметници.