Бобан Илиоски ја заврши кариерата со медал за Македонија

Еден од најдобрите македонски кик-боксери и спортисти воопшто, Бобан Илиоски, објави крај на својата натпреварувачка кариера – и тоа по голема победа на Светското првенство.



Илиоски денеска настапи повреден, откако уште во првата рунда повторно ја обновил старата повреда на препоната. И покрај тешката ситуација, со голема борбеност успеа да го совлада противникот од Хрватска и да ѝ донесе бронзен медал на Македонија. Оваа борба, сепак, беше и неговата последна во професионалната кариера.

Одлуката за повлекување ја објави преку социјалните мрежи, каде што истакна дека во иднина ќе се посвети на тренерската работа во својот клуб.

„Денеска ја имав мојата прва борба на Светското првенство. Уште во првата рунда повторно ми се скина препоната, истата повреда што ја доживеав пред шест месеци. И покрај тоа, успеав да ја извојувам победата. Благодарен сум на Господ за сѐ. Со ова за мене завршува Светското првенство, но и мојата кариера како борец. Одлуката ја носам во мир, време е да се посветам на тренерската работа и да вложам сѐ во мојот клуб за да создадам нови шампиони. Ова не е крај, ова е нов почеток“, напиша Илиоски.

Бобан Илиоски зад себе остава богата и успешна спортска кариера и важен белег во македонскиот кик-бокс, а од сега неговата мисија продолжува како тренер и ментор на новите генерации.

Слични Објави