Пожар на Маркови Кули
На територијата на Општина Прилеп има два активни пожари, едниот кај Маркови Кули, а другиот во село Радобил, според информациите од Центарот за управување со кризи – ЦУК .

Вечерва, градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески упати апел до сите граѓани, да не се потпалуваат стрништа.

„Овие неконтролирани пожари претставуваат сериозна закана за нашите отворени простори, а уште полошо, можат да загрозат населени места, објекти и манастарски храмови!
Нашите противпожарни екипи се деноноќно на терен, посветено и неуморно се борат со огнената стихија. Прилепската територија е една од најголемите во Република Македонија и потребно е нашите екипи да бидат максимално ефикасни и безбедни во својата работа. Секоја помош и поддршка за нашата Територијална Противпожарна Единица е од огромно значење во овие моменти.

Да бидеме совесни и одговорни! Заедно можеме да ги заштитиме нашите домови, нашите семејства и нашата заедница од потенцијалните опасности.“



