|

Кој ја кочи борбата против корупцијата? Стратегијата со месеци чека во Собранието

речиси една година без национална антикорупциска стратегија, граѓанските организации бараат итно усвојување

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата реагира на долгото одложување на усвојувањето на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026–2030 година.

Од Платформата предупредуваат дека речиси една година по истекот на претходната стратегија, државата сè уште нема нов стратешки документ, со што се загрозува континуитетот во спроведувањето на антикорупциските политики.

Стратегијата, подготвена од Државната комисија за спречување на корупцијата, на 19 јуни 2026 година била доставена до Собранието. Иако во септември била разгледана од надлежните собраниски комисии, сè уште не е ставена на пленарна седница.

Граѓанските организации предупредуваат дека одложувањето го доведува во прашање спроведувањето на предвидените мерки, особено за 2026 година, и бараат Собранието итно да ја разгледа и усвои Стратегијата заедно со Акциониот план.

Тие потенцираат дека борбата против корупцијата не смее да остане само декларативна заложба, туку мора да биде проследена со конкретни институционални активности и одговорност.

Слични Објави