„Таблаџии Ебаго“ овој пат со хуманитарна цел
Клубот „Ебаго Таблаџии“ организира традиционален турнир во табла, кој годинава ќе има и хуманитарен карактер. Половина од средствата собрани од котизациите ќе бидат донирани за Виктор Николоски.
Турнирот ќе се одржи на 14 и 15 ноември 2026 година, во просториите на MyPlace Prilep, во Бизнис центарот во Прилеп.
Котизацијата за учество изнесува 500 денари, а организаторите најавуваат парични награди и ваучери за најуспешните учесници.
За првопласираниот се предвидени парична награда и ваучер од хотел „Тино“ во Охрид, кој опфаќа две ноќевања за две лица со појадок и вечера. Парични награди и ваучери ќе добијат и второ и третопласираниот, додека ваучери се обезбедени и за учесниците од четвртото до осмото место. Посебна награда ќе добие и најдобро пласираната натпреварувачка.
Со овој турнир, покрај натпреварувачкиот дух и дружењето, таблаџиите ќе имаат можност да придонесат и во хуманитарна акција.
За пријавување и дополнителни информации заинтересираните можат да се јават на 078 328 233 (Васко Смилески).


