„Старо Бонче“ – нова публикација за значајниот археолошки комплекс
Промоција на книгата посветена на археолошкиот комплекс „Старо Бонче“ ќе се одржи на 1 ноември 2026 година (недела), во организација на НУ Завод и музеј – Прилеп.
Автори на публикацијата се Антонио Јакимовски, Виктор Лилчиќ Адамс и Душко Темелкоски, кои преку своето истражувачко и научно работење придонесуваат за афирмација на археолошкото наследство и историското значење на локалитетот „Старо Бонче“.
Книгата ќе ја промовираат Марјан Јованов и Бошко Ангеловски, по што е предвидена и дискусија посветена на археолошкиот комплекс.
Промоцијата ќе започне во 18:30 часот во просториите на НУ Завод и музеј – Прилеп.
Настанот претставува можност за пошироката јавност да се запознае со резултатите од истражувањата и значењето на еден од значајните археолошки локалитети во Пелагонискиот регион.


