|

Амбасадата на Јапонија донираше 80.314 евра за реконструкција на училиште во Битола

Реконструиран дел од кровот на ООУ „Св. Климент Охридски“ во Битола со поддршка од Јапонија

Во ООУ „Св. Климент Охридски“ во Битола успешно заврши реконструкцијата на дел од кровната конструкција, проект реализиран со финансиска поддршка од Амбасадата на Јапонија во вредност од 80.314 евра.

Со оваа донација се подобруваат условите за работа и престој во училиштето, се зголемува безбедноста и се создава поквалитетна средина за одвивање на воспитно-образовниот процес.

Од училиштето посочуваат дека инвестициите и поддршката од Општина Битола, заедно со донацијата од Јапонија, претставуваат значаен придонес за унапредување на училишната инфраструктура и обезбедување подобри услови за учениците и вработените.

На свеченоста по повод завршувањето на реконструкцијата присуствуваше и заменик-градоначалничката на Битола, Марина Крстиќ.

Реализацијата на овој проект претставува уште еден чекор кон создавање побезбедна и поквалитетна образовна средина за учениците и наставниот кадар.

Слични Објави