Одбележување на Светскиот ден на остеопорозата во Дневниот центар за стари лица со активно стареење
Одбележување на Светскиот ден на остеопорозата во Дневниот центар за стари лица со активно стареење
Денес, во Дневниот центар за стари лица со активно стареење, по повод Светскиот ден на остеопорозата, нашите физиотерапевти Орде Кантарџиоски и Влатко Тодороски одржаа едукативна презентација посветена на превенцијата и грижата за здравјето на коските.
Присутните имаа можност да се запознаат со тоа каде и како се манифестира остеопорозата, кои се нејзините последици и зошто се важни навременото откривање и превенцијата.
За значењето на локомоторниот систем, неговата улога во секојдневното движење и важноста на физичката активност зборуваше нашиот волонтер Сарож Кот. Посебен акцент беше ставен на редовното практикување соодветни физички вежби за зачувување на подвижноста, рамнотежата и самостојноста кај повозрасните лица.
Во рамките на активноста, благодарение на Аптеки Зегин, беше обезбеден и апарат за мерење на коскената густина, со што дополнително се подигнува свеста за важноста на превентивните прегледи и раното откривање на остеопорозата.
Упатуваме благодарност до нашите физиотерапевти, волонтерот и Аптеки Зегин за нивниот придонес во едукацијата и промоцијата на здравите животни навики кај повозрасната популација.
Заедно создаваме услови за поздраво, посамостојно и активно стареење!


