Прилеп домаќин на завршницата од Боксерската лига

Прилеп во недела, на 25 октомври, ќе биде домаќин на шестото и последно коло од Првата македонска и Младинска лига во бокс, на кое ќе се одлучува за шампионските титули за 2026 година.

Натпреварите ќе се одржат во спортската сала на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, во техничка организација на Боксерскиот клуб „Ронин“.

Официјалното мерење на боксерите е закажано од 8 до 9 часот, а борбите ќе започнат напладне.

Влезот за посетителите е слободен.

Слични Објави