Фолклорна вечер во Прилеп посветена на убавината на различностите
Под мотото „Убавината на различностите“, во Прилеп за првпат се одржа манифестацијата „Играме заедно“, во организација на КУД „Моминок“ и НУЦК „Марко Цепенков“.
На сцената настапија ФГ „Вапцаров“ од Делчево, КУД „Охриѓанка“ од Охрид, КУД „Илинден“ од Кривогаштани, КУД „Младост“ од Кичево, ансамблот „Лазарица“ од Босна и Херцеговина и домаќините од КУД „Моминок“.
Со традиционални ора, носии и фолклорни изведби, учесниците го претставија културното богатство на различните средини, обединувајќи ги младите околу љубовта кон традицијата и нејзиното зачувување.


