Нестабилно време денеска и во петок – пороен дожд, грмежи, силен ветер и можен град
Денеска и во текот на петокот се очекува нестабилно време со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
На места временските процеси ќе бидат поинтензивни и ќе прераснуваат во невреме, проследено со силен ветер и услови за појава на град.
Поради продорот на посвеж воздух, температурата ќе опадне за неколку степени.
Граѓаните се советуваат да бидат внимателни при појава на невреме и да ги следат најновите информации за временските услови.



