Втора вечер на Пиво Фестивалот – настапуваат Lockdown, Јордан Митев и Милица Павловиќ

Втора фестивалска вечер на Пиво Фестивалот во Прилеп

ПРИЛЕП – Вечерва (сабота, 18 јули) продолжува програмата на Пиво Фестивалот во Прилеп со повеќе музички настапи на главната и на Камената бина.

Според официјалната програма, вечерта ќе започне во 19:00 часот со DJ сет. Во 20:30 часот ќе настапи групата Lockdown, по што во 22:00 часот на сцената ќе се претстави Јордан Митев.

Главниот настап на вечерта е предвиден за 23:30 часот, кога пред фестивалската публика ќе настапи српската пејачка Милица Павловиќ.

Паралелно со програмата на главната сцена, на Камената бина ќе настапи АСИКА.

Пиво Фестивалот продолжува и утре со завршната фестивалска вечер, согласно предвидената програма на организаторите.

Слични Објави