|

(видео) ШАМПИОНСКИ ВИКЕНД ЗА РОНИН: Медали на државно првенство во бокс и балканско злато во Нови Сад

Викендот донесе одлични резултати за прилепскиот Кик-бокс и Бокс клуб „Ронин“, чии натпреварувачи настапија на Државното првенство во бокс и на Балканското WAKO првенство во кик-бокс што од 29 до 31 мај се одржа во Нови Сад.

На Државното првенство во бокс, младите борци на „Ронин“ ги забележаа следните резултати:

🥇 Матеа Илиевска освои златен медал, како единствен женски пар својата категорија.

🥊 Леонид Талески извојува победа со технички нокаут (TKO) и обезбеди пласман во финалето, каде ќе се бори за титулата државен првак.

🥊 Давид Пупалески беше поразен во својот настап.

Уште поголем успех, натреварувачи на „Ронин“: како дел од репрезентацијата на Македонија, остварија на Балканското WAKO првенство во Нови Сад, каде настапија најдобрите борци од регионот.

🥇 Андреј Смилевски го освои златниот медал и беше прогласен за најдобар К1 борец на турнирот.

🥉 Емил Степанулески освои бронзен медал.

🥊 Радослав Велески беше запрен во четвртфиналето.

Со освоените медали и одличните настапи на двете натпреварувања, Кик-бокс и Бокс клуб „Ронин“ уште еднаш потврди дека е еден од најуспешните боречки колективи во Прилеп, зад кој стојат посветена работа, дисциплина и континуирани успеси на домашната и меѓународната сцена.

Слични Објави