Вечерва во Прилеп: „Портрет на поет“ – книжевна вечер на Тони Павлески
Вечерва, 17.30 часот, љубителите на пишаниот збор во Прилеп ќе имаат можност да присуствуваат на книжевна вечер на прилепскиот поет Тони Павлески насловена „Портрет на поет“, во организација на Клубот на литературни творци.
Настанот ќе се одржи во просториите на ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“, каде преку стихови, разговори и уметничка интерпретација ќе се оживее творештвото на поетски глас што остава длабока трага во времето.
Во програмата учествуваат:
- Промотори: Дана Тембелеска и Цеца Видова Трајческа
- Модератор: Весна Шереметкоска
- Поезија ќе читаат: Тамара Петреска и Марија Мантова
- Отворање: Андриана Ристеска
Вечерта ќе биде дополнително збогатена со музички настап на Градски хор „Пере Тошев“.


