„Свето Благовештение“ – Да ја зачуваме традицијата и уредноста на храмовите

Во пресрет на празникот Христово Воскресение – Велигден, од црквата „Свето Благовештение“ во Прилеп упатија апел до верниците за поголема совесност и почитување на црковниот простор за време на празнувањата. Оттаму реагираат на, како што велат, сè почеста појава на неправилно поставување свеќи во дворовите и на оградите од храмовите, со што се нарушува уреденоста и се оштетува заедничкото црковно наследство.

„Ве молиме да не го уништувате она што е правено од генерации за генерации верници во нашиот град и наместо да го негуваме и да го оставиме на нашите деца, сè повеќе се забележува несовесно оставање свеќи насекаде“, стои во соопштението од црквата.

Оттаму апелираат на разбирање, одговорно однесување и почитување на заедничкиот простор за време на празничните богослужби.

„Се надеваме на разбирање и благодариме. Нека ни е за многу години“, порачуваат од „Свето Благовештение“ – Прилеп.

Слични Објави