Димче Велев: Пациентите со дијабетес со месеци без терапија

Димче Велев, Претседателот на Асоцијацијата на дијабетичари објави јавно предупредува дека пациентите со Тип 1 дијабетес се соочуваат со сериозен и долготраен недостиг на основна терапија и помагала, состојба која станува сè поалармантна од ден на ден.

Според Велев, состојбата е алармантна: пациентите повеќе од еден месец се без сензори, во текот на изминатите 11 месеци имало недостиг од помагала, а дури 6,5 месеци немало ниту антидијабетна и инсулинска терапија.

Како главна причина се посочуваат доцнењата и несоодветното планирање на набавките од страна на Министерство за здравство на Северна Македонија, особено во делот на тендерските постапки.

Како можно долгорочно решение, Велев го истакнува новиот модел што го најавува Фонд за здравствено осигурување на Македонија, планиран за 2027 година. Овој модел предвидува воведување референтни цени во аптеките, со што пациентите би можеле директно да ја подигнуваат потребната терапија и помагала, без прекини и административни застои.

Слични Објави