(видео) The Dreаmers изнанадија со нова песна – „Untamed“

По година и пол пауза, и сосема неочекувано, прилепскиот бенд The Dreamers утрово објави нова песна на својата Фејсбук страница.

„Untamed“ носи „денсерски бит“ и бунтовнилки текст. Музиката ја потпишува бендот, додека текстот е дело на младата поетеса Кате Петкоска. Песната е снимена во студиото на Кире Најдоски, а звукот отвора една поинаква, посурова и поемотивна димензија на нивниот израз.

По паузата што остави простор за прашања, ова издание доаѓа како мало изненадување или можеби тивка најава за нешто поголемо.

Дали „Untamed“ е сигнал за враќање на клубската сцена или само носталгичен потсетник на едно „сонувачко“ време, останува да видиме.

Во меѓувреме, пуштете гласно и препуштете се на ритамот на „Untamed“

Слични Објави