Во прилепско запленети дрва и три запрежни возила

Синоќа, Шумската полиција – Прилеп спроведе акција на потегот меѓу селата Оревоец и Крстец, кај месноста викана Пештера, при што беа запленети бесправно исечени дабови и багремови дрва, како и три запрежни возила.

Од шумската полиција информираат дека дрвата биле нелегално исечени и транспортирани, поради што се одземени на лице место.

Запленетите дрва се предадени на ЈП „Црн Бор“ – Прилеп, каде што ќе се води понатамошна постапка согласно законските прописи.

Акцијата е дел од редовните контроли што се спроведуваат за спречување на бесправната сеча и заштита на шумскиот фонд во прилепскиот регион.

Слични Објави