Крушевската депонија и влијанието врз животот на Крушевчани – Јавна дебата во Крушево
Почитувани,
На 21.02.2026 г. во бутик хотел Св. Никола во Крушево од 11 часот ќе се одржи јавна дебата за влијанието на депонијата врз животната средина и квалитетот на живот на граѓаните.
Со години депонијата влијае врз квалитетот на воздух, наштетува на туризмот, го “допира” калитетот на живот на граѓаните и крушевчани се свесни и се повеќе реагираат на оваа тема. Во сушни периоди депонијата се самозапалува и исчадува, крушевчани бараат третман, а општината и државата го спроведуваат Проектот за регионалното управување со отпад.
На дебатата општината ќе ги каже тековните активности во управвањето со отпад, а граѓаните ќе имаат прилика да ги постават своите дилеми пред носителите на одлуки.
Дебатата е од отворен карактер.
Јавната дебата е дел од проектот „Медиуми на заедницата за граѓански ангажман: Трансформирање на општествените барања во општествена акција”, на Институт за истражување на општествениот развој – РЕСИС, финансиран од Европската Унија, спроведуван од Здружение за промоција, активизам и соработка ОД МЛАДИ ЗА МЛАДИ Крушево.
Со почит,
Од млади за млади Крушево.



