Сообраќајот на државните патишта се одвива во отежнати зимски услови

Поради зимските временски услови и појавата на магла на повеќе планински премини, АМСМ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината според состојбата на коловозите. Во одредени делници е намалена и видливоста, што дополнително го отежнува одвивањето на сообраќајот.

АМСМ Соопштение:

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози.
Се бележат слаби врнежи од снег на Попова Шапка кои што не се задржуваат на коловозот.
Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100 метри, Стража до 80 метри и Крушево до 30 метри.

Слични Објави