|

Над 14 милиони денари за патни трошоци на пратениците во 2025 година

Вкупно 14.369.470 денари исплатило македонското Собрание за патни трошоци на пратениците во текот на 2025 година, покажуваат податоците добиени по пат на барање за слободен пристап до информации од јавен карактер.

На врвот на листата по висина на наплатени патни трошоци е пратеникот Кире Божиновски од ВМРО-ДПМНЕ, кој во текот на годината наплатил 637.233 денари. Веднаш зад него е Петар Ристески, исто така од ВМРО-ДПМНЕ, со 602.187 денари, кој и лани беше рекордер по оваа основа.

ТОП 10 пратеници со најголеми патни трошоци во 2025 година

ПратеникПатни трошоци (денари)
Кире Божиновски637.233
Петар Ристески602.187
Јован Митрески464.150
Јулија Тушевска446.854
Зоранчо Јованчев426.640
Беким Ќоку418.281
Драгана Арсова382.285
Петар Марков381.829
Никола Коњановски373.415
Миле Талевски372.254

Комплетна листа: пратеници, град и партиска припадност

Име и презимеПатни трошоци (ден.)ГрадПартија
Грација Бакраческа87.027ОхридВМРО-ДПМНЕ
Соња Мираковска18.881СкопјеНСДП
Јован Митрески464.150СтругаСДСМ
Дафина Стојаноска255.111ГостиварВМРО-ДПМНЕ
Јованка Тренчевска109.589СтрумицаСДСМ
Борче Цветков232.639СтрумицаСДСМ
Миле Талевски372.254ПрилепСДСМ
Халил Снопче294.105ТетовоАА
Кире Божиновски637.233БитолаВМРО-ДПМНЕ
Валентина Марчевска119.257ЈегуновцеВМРО-ДПМНЕ
Мевмед Џафери369.591Маврово-РостушеВМРО-ДПМНЕ
Ријад Шаќири211.219СкопјеАА
Садик Сулејмани117.513СкопјеАА
Даниел Стојчевски86.680КумановоЗНАМ
Благој Бочварски211.705ШтипСДСМ
Дејан Проданоски359.130ПрилепВМРО-ДПМНЕ
Петар Ристески602.187ПрилепВМРО-ДПМНЕ
Душко Иванов260.701ШтипВМРО-ДПМНЕ
Ели Панова170.623СтрумицаВМРО-ДПМНЕ
Моника Трајанова143.552РадовишВМРО-ДПМНЕ
Весна Ѓорѓиева369.790КавадарциВМРО-ДПМНЕ
Јулија Тушевска446.854ВаландовоВМРО-ДПМНЕ
Александар Велјановски170.891ТетовоВМРО-ДПМНЕ
Бране Петрушевски136.177КумановоВМРО-ДПМНЕ

Дел од пратениците користат и патни трошоци и закупнина

Покрај патните трошоци, дел од пратениците користат и надоместок за закупнина на стан во Скопје.

Меѓу нив се:

  • Даниела Христова
  • Олга Лозановска
  • Грација Бакраческа
  • Јованка Тренчевска
  • Лидија Петковска
  • Ангелинка Петкова
  • Саранда Имери Стафаи

Во анкетните листови доставени до ДКСК, дел од овие пратеници пријавиле дека поседуваат станови во Скопје, а сепак користат и двете законски можности.

Како пример се посочува пратеничката Олга Лозановска, која има пријавен стан во Скопје, а истовремено наплатува и патни трошоци и закупнина.

Извор : Инфомакс.

Слични Објави