УХМР: Најмногу дожд во Крушево

Според утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, најниската температура денеска е забележана во Маврови Анови и Лазарополе – 5 степени, додека најтопло било во Демир Капија со 13 степени Целзиусови.

Во изминатите 24 часа до 7 часот, најмногу врнежи од дожд се регистрирани во Крушево – 34 l/m². Следуваат Претор со 30, Маврови Анови со 28 и Лазарополе со 23 литри на метар квадратен. Значајни количества дожд се измерени и во Прилеп и Пожаране (по 18), Берово (16), Тополчани (14) и Пожар–Радовиш (12 l/m²).

Од УХМР информираат дека врнежи имало и на други локации низ земјата: Струмица и Попова Шапка бележат по 11 l/m², Виница 10, Тетово и Битола по 9, Скопје–Зајчев Рид, Куманово и Гевгелија по 8, додека најмалку дожд е измерен во Велес и Кавадарци – 4 l/m².

За денеска се најавува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, особено во јужните региони. Ќе дува слаб до умерен, а местимично и засилен ветер од јужен правец. Максималните дневни температури ќе се движат меѓу 13 и 19 степени.

Слични Објави