| |

(видео) Формирани комисии за работа на Советот на Општина Прилеп

На втората седница на Советот на Општина Прилеп, во новиот состав, советниците со мнозинство гласови го усвоија предлог-решението за верификација на мандатот на новата советничка Катерина Пузеска.

Потоа, беа усвоени и предлог-решенијата за формирање на комисиите неопходни за ефикасно функционирање на Советот на Општина Прилеп.

  • Советниците со мнозинство гласови ги усвоија комисиите за:
  • Одбележување значајни настани, личности и празници
  • Финансирање, буџет и локален економски развој
  • Урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина
  • Општествени дејности и правата на децата
  • Статут и прописи
  • Елементарни непогоди
  • Месна самоуправа
  • Родова еднаквост
  • Изработка на Програма за работа на Советот на Општина Прилеп за мандатниот период 2025–2029 година

Исто така, Советот ја задолжи Комисијата за статут и прописи да изготви пречистен текст на Статутот на Општината, а беа именувани и членови на Советот кои ќе учествуваат при склучување бракови во УВМК–ПК Прилеп.

Советникот од СДСМ, Александар Китаноски, во процедуарлна забелешка побара информација од градоначалникот за финансиската состојба на Општина Прилеп, како би се дискутирала на наредната седница која е закажана веќе во Петок и потсети за поставените прашања уште од Септември, поврзани со превозот на учениците од средните учичишта.

На крајот од седницата, советниците од советничката група на Левици, доставија оставки од комисиите, поради незадоволство од начинот на респраделба на места, а Претседателката Д-р Билјана Кржесја истакна дека, не може да ги прифати, затоа што сеуште не е во сила, самиот избор на комисиите.

Слични Објави