|

Hand Till Hand донира четири стоматолошки столови на ЈОУГД „Наша иднина“ Прилеп

Hand Till Hand е хуманитарна организација со седиште во Шведска, но силна поврзаност со Македонија. Нејзините главни двигатели се Марија Русенгрен — Македонка од Битола — и нејзиниот сопруг Тумас Русенгрен — Швеѓанец, кој ги чувствува македонските корени како свои.
Организацијата е фокусирана на донации: опрема за училишта, домување, здравствени установи, детски градинки — особено во Македонија.

Последната донација на Hand Till Hand е четири стоматолошки столови за ЈОУГД „Наша иднина“ Прилеп.
За логистика и прием на донациите во Прилеп се грижи Пајо Јанески од Шпедиција Вап 97, кој го следи процесот од пристигнување до употреба на донациите.

Оваа година Општина Прилеп додели Диплома 3. Ноември на ораганизацијата.

Слични Објави