Нова сообраќајна несреќа на патот Градско – Прилеп

Попладнево се случи нова тешка сообраќајна несреќа на новоизградениот експресен пат Градско – Прилеп, во која има повредени лица. Според првичните информации, едно возило излетало од коловозот, се превртело на кров и завршило во канал покрај патот.

Поради несреќата, сообраќајот на оваа делница моментално е во прекин, а полициски екипи вршат увид на местото на настанот.

Несреќата се случила во близина на локацијата каде што летово, веднаш по отворањето на новиот пат, за само еден месец животот го загубија пет лица.

Да потсетиме, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски, тогаш изјави дека пред околу дваесетина дена дал налог за изработка на ново сообраќајно решение, со кое ќе бидат поставени дополнителни знаци што треба да ги предупредуваат возачите да ја намалат брзината при исклучување од експресниот пат.

Слични Објави