Младите актери од „Престиж“ испратија силна порака со „Заљубени изгубени“
Во кино-салата, во организација на Домот на културата „Драги Тозија“, вчера вечерта беше одиграна театарската претстава „Заљубени изгубени“. Публиката имаше можност да ужива во изведбата на младите актери од драмското студио „Престиж“, кои уште еднаш ја покажаа својата посветеност и љубов кон сценската уметност.
Претставата носи емотивна приказна што потсетува на суштинските вредности во животот – љубовта, пријателството, искреноста и човечноста. Со енергија, талент и голема посветеност, младите актери успеаја да ја пренесат пораката до гледачите и да создадат топла и инспиративна атмосфера.
Гордост е да се види како младите луѓе со толкава страст и ангажман ја негуваат културата и уметноста во нашата заедница.


