Нова учебна 2025/2026 година во Прилеп – Подобрени услови за учениците или предизборна шминка?
Со почетокот на новата учебна година 2025/2026, училиштата и градинките во Прилеп се подготвени да ги пречекаат учениците со подобрени услови за учење и работа.
Во пресрет на учебната година, се реализирани следниве активности:
- Реконструкции и опремување на сите основни и средни училишта и градинки.
- Продолжува обезбедувањето на бесплатен здрав оброк за учениците од I до III одделение.
- Околу 6.000 ученици во основното образование ќе добијат бесплатни училишни униформи, а почетниот прибор ќе биде доделен на првиот училишен ден на првачињата.
- Изградена е нова спортска сала во ООУ „Блаже Конески“, со цел подобрување на физичкиот развој на учениците.
- Од 1 септември започнува бесплатен училишен превоз за учениците од населените места, а линиски превоз ќе може да користат и останатите жители на населените места.
- Инсталирани се осум прочистувачи на воздух – шест во спортските сали на основните училишта и два во градинките – за подобрување на квалитетот на воздухот.
Учебната година започнува со подобрени услови за сите ученици и деца во градинките – Велат од Општина Прилеп



