Ресурсен центар за поддршка на развојот на општините – со швајцарска помош
Владата на Македонија најави воспоставување на Ресурсен центар за поддршка на развојот на општините. Но, и овој пат проектот не би можел да се реализира без силната поддршка од надвор.
За таа цел, ќе биде потпишан анекс 4 на Договорот за спроведување на Проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – фаза 2“, помеѓу Владата на Швајцарската Конфедерација, претставувана од Федералниот департман за надворешни работи преку Амбасадата на Швајцарија и Швајцарската агенција за развој и соработка, и Владата на Македонија преку Министерството за локална самоуправа.
Ресурсниот центар треба да функционира како институционален механизам кој ќе овозможи долгорочна, одржлива и стручна поддршка за општините во државата. Но, останува впечатокот дека без странска поддршка, самите институции тешко или речиси невозможно се одлучуваат и успеваат да воспостават вакви системски решенија.



