Пелагонија конечно поблиску до Скопје. По девет години, завршен екпресниот пат
Денеска официјално беше пуштен во употреба експресниот пат Фариш – Дреново, во должина од 10,2 километри. Делницата е составен дел од Коридорот 10 и претставува значајна инфраструктурна врска за Пелагонија и централна Македонија.
Патот почна да се гради во 2016 година, а вкупната инвестиција изнесува речиси 45 милиони евра. Финансирањето е обезбедено преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
Со новата делница, времето на патување значително се скратува: од Прилеп до Скопје ќе се стигнува за околу 1 час и 15 минути, додека од Битола до Скопје – за приближно 1 час и 40 минути. Дополнително скратување на времето се очекува со пуштањето во употреба на патот Прилеп – Битола, кој е во фаза на реконструкција.
Овој инфраструктурен проект се смета за клучен за подобрување на поврзаноста и развојот на економијата во регионот.


