ОПШТИНА ПРИЛЕП: ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗДРУЖЕНИЈА И СПОРТСКИ КЛУБОВИ
Известување:
Здруженијата и спортските клубови кои што имаа аплицирано на Јавниот повик за распределба на средства од буџетот на Општина Прилеп за 2025 година, наменети за финансирање на спортски клубови, професионални спортски клубови, здруженија и фондации во областа на спортот, културниот и општествениот живот, треба да ги потпишат своите договори за исплата на средствата, од 23.06.2025 до 25.06.2025 во приемното одделение на општина Прилеп од 12:00 до 15:00 часот.
Сите претставници на здруженијата и спортските клубови задолжително со себе да го понесат печатот од здружението / спортскиот клуб!



