Почнува кампања за подигнување на свеста за рак на дојка – Eдукативна трибина денес во Прилеп
Во пресрет на 8 Март – Меѓународниот ден на жената, денес во Прилеп се одржува едукативна трибина посветена на подигнување на свесноста за рак на дојка. Настанот, кој носи наслов „Дијагноза, третман, естетика“, има за цел да ги информира и едуцира пациентите и пошироката јавност за сите чекори – од поставување на дијагноза, преку третманот, до реконструкција на дојка.
Организатор на трибината е здружението ХЕМА-ОНКО во соработка со ЈЗУ УК за пластична и реконструктивна хирургија, ЈЗУ УК за торакална и васкуларна хирургија, ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија и УИ за радиологија. Настанот ќе се одржи во библиотеката „Борка Талески“ со почеток во 15:00 часот.

Присутните ќе имаат можност да слушнат предавања од врвни медицински експерти, кои ќе зборуваат за различните аспекти на оваа болест, достапните третмани и можностите за реконструктивна хирургија. Исто така, член на здруженијата ХЕМА-ОНКО и ПЕПЕРУТКИ ќе сподели лично искуство во борбата со рак на дојка, давајќи мотивација и поддршка на сите засегнати.
По Прилеп, едукативните трибини ќе продолжат во:
📍 Гевгелија – 3 март, Народен театар, 18:00 часот
📍 Кавадарци – 4 март, Општина Кавадарци, 18:00 часот
📍 Скопје – 5 март, Деканат на Медицински факултет, 12:00 часот
Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани да присуствуваат на трибината во Прилеп и да се информираат од прва рака за важните аспекти на оваа болест. Борбата со рак на дојка е заедничка, а едукацијата е клучен чекор кон навремена дијагноза и успешно лекување.


