|

Закажана 8. седница на Советот на Општина Прилеп

Претседателката на Советот на Општина Прилеп, д-р Билјана Кржеска, со решение бр. 09-238/1 од 22 јануари 2026 година, ја свика 8-та седница на Советот.



Седницата ќе се одржи утре, 30 јануари 2026 година (петок), со почеток во 10:00 часот, во големата сала на Општина Прилеп.

На дневен ред се предвидени 4 точки:

  • Предлог-правилник за доделување на еднократна парична помош за секое запишано прваче во основните училишта во општина Прилеп
  • Предлог-правилник за измена на Правилникот за доделување на еднократна парична помош за новороденче
  • Избор на членови на НО и УО
  • Програма за еднакви можности

На седницата се очекува советниците да расправаат за мерките за поддршка на семејствата и децата во општината, кои директно влијаат врз социјалната и образовната политика на локално ниво.

Слични Објави