(видео) Томе Темелкоски: Сакав да ме слушаат, без да ме видат
По емитувањето на трите епизоди од серијалот „Актерите кои љубоморно го чуваа прилепскиот театар“, правиме пауза пред емитувањето на останатите две со Андон Јованоски – Аша и Виолета Чакарова и ве запознаваме со еден човек од театарот, кој го слушаме, ама не го гледаме.
Томе Темелкоски е тон мајстор во прилепскиот театар, но пред се е музичар. Гитарист, композитор и продуцент. Поводот за да го снимиме ова интервју е неговата борба преку социјалните мрежи за Прилеп да добие нова театарска зграда, но разговараме за целиот негов професионален пат.
Томе не угости во неговото студио. ДомаЈЧински пречек и отворен муабет со кој се надеваме дека и ние ќе придонесиме во неговата борба.



