Во петок прскање против комарци во Општина Долнени

Општина Долнени ги информира граѓаните дека во петок, на 5 јуни 2026 година, ќе се спроведе теристичка дезинсекција против комарци на целата територија на општината.

Според соопштението, акцијата ќе се реализира во периодот од 21:00 до 04:00 часот од страна на екипа на Центарот за јавно здравје – Прилеп. Дезинсекцијата ќе се врши со УЛВ-апаратура за ладно замаглување, поставена на пикап возило кое ќе се движи низ населените места во општината.

Целта на третманот е уништување на комарците и намалување на ризикот од нивно масовно размножување во текот на летниот период.

Од Општина Долнени апелираат до пчеларите навремено да преземат привремени мерки за заштита на пчелните семејства, со цел да се избегнат евентуални несакани последици.

Во случај на неповолни временски услови, како дожд или силен ветер, дезинсекцијата ќе биде одложена и ќе се спроведе во првиот нареден ден со соодветни услови.

Центарот за јавно здравје – Прилеп и Општина Долнени наведуваат дека се оградуваат од одговорност за евентуални несакани последици што би можеле да произлезат доколку не се преземат препорачаните мерки за заштита.

Слични Објави