|

„УЧИЛИШТАТА НЕ СЕ ИНКУБАТОРИ ЗА ОМРАЗА“ (ВИДЕО)

После средбите низ училиштата во Прилеп, денес тимот на АГТИС ја заврши првата фаза или иницијалните средби со стручните служби од основните училишта во Општина Долнени.
После првичното претставување на проектот „Училиштата не се инкубатори за омраза“, се разви плодна дискусија во која неедукативните стручњаци споделија искуства и идеи како проектот да се развива во правилна насока.
На крај се дојде до заклучок дека потребата од овој проект е голема и треба темелно и ангажирано да се спроведе секоја активност.
Шест работилници во кои на иста маса ќе седнат сите психолози, педагози и дефектолози од основните училишта во Прилеп и Долнени како би дебатирале со цел изнаоѓање решенија за што подобро справување со врсничкото насилство.
Отворена Телевиија – otv.mk ќе биде медиумски покровител на сите активности и автор на едукативните видеа кои ќе се снимаат во наредните 10 месеци.

Слични Објави