| |

Учениците од СОУ Ѓорче Петров – со еден од најпосетуваните штандови во Италија! (Видео)

 Учениците од СОУ Ѓорче Петров Прилеп го претставија својот производ чоколаден пробиотик, на фестивалот на претприемништво во Европа, кој се одржуваше од 2-5 јули 2024 во Катанија – Италија.

Тие беа единствени претставници од Македонија, нивниот штанд беше еден меѓу останатите од 40 Европски држави.  

Monastero dei Benedettini во Катанија! Ова прекрасно место, е дел од Универзитетот во Катанија, е совршена позадина за прикажување на иновативните идеи и претприемачки дух на младите умови од цела Европа,  стотици студенти на ЈА ги претставија своите бизнис концепти, на овој натпревар. На Првиот ден од настанот беа прикажани презентациите пред стручна жири комисија додека на вториот ден на штандови се претставуваат производите или услугите. „ Нашиот штанд беше еден од најпосетуваните“, изјавија учесниците СОУ Ѓорче Петров Прилеп.

„Задоволство е да се работи со ученици кои размислуваат иновативно, полни со ентузијазам за откривање на нешто ново, особено кога станува збор за ученици од здравствена струка, бидејќи нашиот производ е поврзан со стекнување на здрави навики во исхраната уште од најмала возраст. Желбата за успех секогаш постои кај учениците, особено кога нешто смислуваат, креираат за настан од натпреварувачки карактер каков што беше Националниот натпревар за Ученички компании.“ Изјави нивната менторка професорката Христина Димеска.

Учесниците од Македонија стигнаа на Европскиот натпревар во Monastero dei Benedettini во Катанија после победата на државниот натпревар  организиран од Џуниор Ачивмент Македонија, што се одржа во х.Дрим во Струга на кој учествуваа 24 ученички компании од повеќе градови на нашата држава, а компаниите се натпреваруваа со компаниски извештај, видео, презентација, штанд и својата идеја ја бранеа со одговарање на прашања од стручна комисија на македонски и англиски јазик.

Сега нешто за нивниот производот, Изјава од ученик: „Идејата беше добиена по пат на избор на најдобра идеа преку изучување на програмата Ученичка компанија – Претприемачка практика на млади, запознавајќи се со многу економски поими кои не служат за понатамошниот процес.

Производот е всушност чоколаден пробиотик кој би имал за цел да го олесни патот на консумирање на таблетата терапија, со што создаваме една здрава навика посебно кај младите и оние најмали. Всушност се состои само од какао, путер и пробиотик, збогатен со витамин Ц, со што се грижиме за здравјето и имунитетот на луѓето.

Слични Објави