| |

Jубилејно издание на Рок Хепенинг во Демир Хисар – 10 години рок традиција

Градскиот плоштад во Демир Хисар на 15 август ќе биде центарот на добрата рок музика, енергија и забава, кога ќе се одржи јубилејното десетто издание на музичката манифестација РОК ХЕПЕНИНГ ДЕМИР ХИСАР 2025.



Со почеток од 21 часот, на сцената ќе настапат три бендови кои ветуваат вечер за паметење, легендите на македонската рок сцена АРЕА, скопскиот состав DAY OFF, и домаќините од Демир Хисар – бендот REVELATION.

Рок Хепенингот прерасна во традиционален настан кој секоја година собира љубители на добриот звук од целата држава, а ова десетто издание ќе биде посебно, како поради квалитетната програма, така и поради симболиката на континуитетот и културното значење што го има манифестацијата за градот.

„Ве очекуваме да заедно прославиме 10 години рок хепенинг, да се дружиме и уживаме во добра и квалитетна музика“, порачуваат организаторите од Домот на културата „Илинден“ – Демир Хисар.

Музичката манифестација Х РОК ХЕПЕНИНГ ДЕМИР ХИСАР 2025 е во организација на Домот на културата “Илинден” Демир Хисар и е поддржана од Министерството за култура и туризам на РМ и Општина Демир Хисар

Слични Објави