Последен ден за проверка на податоците во Избирачкиот список за Локалните избори 2025
Јавниот увид во Избирачкиот список за Локалните избори 2025 завршува утре, 11 септември, на полноќ. До тогаш, граѓаните можат да поднесат барања за запишување, дополнување или бришење на податоците во изводите, во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК, или по електронски пат на upisis@sec.mk. На 13 септември, пак, завршува рокот за доставување листи за кандидати за градоначалници и за советници.
Службите на ДИК утре ќе работат до полноќ, а сите потребни обрасци се достапни на веб-страницата sec.mk. Увид во избирачкиот список е овозможен и за лицата во притвор или затвор, преку органите за извршување санкции.
ДИК е должна по поднесените барања да одлучи во рок од 24 часа, а против негативно решение граѓаните може да поднесат тужба до Управниот суд, кој исто така одлучува во рок од 24 часа.
На 13 септември на полноќ завршува рокот за доствување на листите за кандидати за градоначалници и за советници.
Кандидатските листи за градоначалници и советници се доставуваат најдоцна до 13 септември, а заклучениот Избирачки список ќе биде потпишан од ДИК до 3 октомври.
Изборната кампања започнува на 29 септември, додека гласањето ќе се одржи на 19 октомври на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.



