Почна „Силјан Штркот“ – театарскиот фестивал за деца: магија, воспитување и неизмерна радост
Во Прилеп стартуваше „Силјан Штркот“ – театарскиот фестивал за деца, кој не само што носи претстави за најмладите, туку гради и верна публика. Годинава претставите се играат во НУЦК „Марко Цепенков“, а првите впечатоци се повеќе од позитивни.
На првата претстава, „Мачорот во чизми“ на велешкиот театар, салата беше полна со деца и наставници кои совесно ги следеа насоките за однесување во театар. Наставничките пред влегување им објаснуваа на учениците како треба да се однесуваат, а редарите и волонтерите го одржуваа редот. Резултатот беше беспрекорно организирана и воспитана публика – вистинска реткост и пример за почит кон сценската уметност. Чиста петка за оранизаторите фестивалот „Мал Прилепски Театар“
Публиката беше воодушевена од изведбата и ги испратија актерите со голем аплауз.
Фестивалот уште еднаш покажа дека не е само културен настан, туку вистинска школа за воспитување на младата публика и создавање незаборавни спомени. А добрата вест – остануваат уште четири дена исполнети со радост, претстави и театарска магија.


