Михаела се спрема за „Катаро Тинс“ – Младата прилепчанка работи на првенчето

Младата прилепчанка Михаела Пурдеска го прави својот прв авторски исчекор со песната „Два света“, поп-рок композиција зад која стои нејзината идеја и инспирација.

Текстот ја обработува темата за животот на младите, нивните разлики, но и блискоста што ги поврзува. Музиката и аранжманот се дело на Борче Шабаноски, додека бек вокалите ги изведува нејзината професорка по соло пеење, Леонардо Богданоска. Токму со неа Михаела досега има освоено бројни регионални и државни награди со максимални бодови во категоријата класична музика.

Работата на композицијата ќе продолжи подолг период, со цел да се доведе до совршенство. Интонациските и соло подготовките се реализираат под менторство на Денис Димоски и во рамки на Музичкото училиште „Матрикс“.

Првата изведба на „Два света“ ќе се случи на фестивалот „Катаро Тинс“ (старото име на Котор), кој ќе се одржи на 5 и 6 јуни. Согласно правилата на фестивалот, песната нема да биде јавно емитувана по студиската обработка – премиерата ќе биде токму на сцената во Котор.

Слични Објави