Наташа Габер-Дамјановска: Уставниот суд не беше вклучен во стратегијата за реформи

„Нашиот Уставен суд не беше вклучен во стратегијата за реформи на правосудниот сектор, прво постоеше, а потоа беше тргнат, јас сфаќам дека тоа е заради специфичната улога и позиција која што Уставниот суд ја има кај нас, дека е независно, посебно тело, од онаа хиерархиска поставеност на другиот судски систем во Р. Македонија, но сепак сеуште сметам дека треба да претрпи сериозни реформски промени. Освен уставните промени, треба да се донесе и нов деловник на Уставниот суд кој ќе биде современ и оперативно многу внимателно и прецизно ќе ги разработи сите оние димензии на работењето на уставниот суд. За жал, тоа не е така денес, деловникот датира од 91 година. Инаку знаеме дека Уставниот суд кај нас е институција со традиција, таа постоеше и во социјалистичко време, преку 50 години постои, но овој деловник врз која што база актуелно Уставниот суд работи е од 91 година“ – кажува Наташа Габер-Дамјановска, на експертскиот панел „Судбината на реформите во време на политичка криза“ во организација на АГТИС, дел од проектот „Детски болести на демократијата“.

Повеќе на видеото.

Слични Објави

Напишете коментар