Консултативни средби во Прилеп и Кривогаштани за поголема вработливост и економско јакнење на жените
Во Прилеп и Кривогаштани се одржаа две консултативни средби посветени на унапредувањето на вработливоста на жените и подобрувањето на нивната економска и социјална положба во локалните заедници.
Во рамките на проектот EWI – Економско јакнење и правда за жените од Западен Балкан, Консалтинг за стратешки развој, во партнерство со ЛАГ АГРО ЛИДЕР, организираше две консултативни средби во општина Прилеп и општина Кривогаштани, посветени на унапредување на вработливоста на жените и подобрување на нивната економска и социјална положба во локалните заедници.
На средбите учествуваа претставници на локалните институции, граѓански организации, релевантни чинители и граѓани, кои преку отворена дискусија ги споделија своите искуства, предизвици и идеи за креирање на поефикасни мерки и препораки што ќе придонесат за поголема економска вклученост на жените.
Фокусот беше ставен на препознавање на локалните потреби, намалување на бариерите за вработување и создавање можности за поголемо учество на жените на пазарот на трудот, како и за нивно активно вклучување во процесите на локален развој.
Собраните предлози и препораки ќе претставуваат важна основа за понатамошните активности во рамките на проектот EWI и за креирање политики кои ќе придонесат кон поинклузивни и поодржливи локални заедници.
Проектот EWI има за цел да ги поттикне еднаквите можности, економското јакнење и активното учество на жените во општествениот и економскиот живот преку соработка помеѓу институциите, граѓанскиот сектор и локалната заедница.


