„Играме заедно“ – вечер на фолклор за деца и млади во Прилеп
Под мотото „Убавината на различностите“, во сабота, на 17 октомври, со почеток во 19 часот, во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи Вечерта на фолклор за деца и млади „Играме заедно“.
Домаќин на оваа фолклорна вечер е КУД „Моминок“, кое твори и работи во рамките на Центарот за култура „Марко Цепенков“.
На настанот, покрај домаќините, ќе настапат и КУД „Младост“ од Кичево, КУД „Илинден“ од Кривогаштани, ФГ „Вапцаров“ при Центарот за култура од Делчево, КУД „Лазарица“ од Станари, Босна и Херцеговина, како и КУД „Охриѓанка“ од Охрид.
Вечерта се организира за првпат, со цел да се создаде простор за дружење, културна размена и негување на фолклорното наследство меѓу децата и младите. Преку песната, играта и традиционалните носии, учесниците ќе ја претстават богатата културна разновидност и ќе ја испратат пораката дека различностите нè зближуваат.
Од Центарот за култура „Марко Цепенков“ најавуваат дека „Играме заедно“ е дел од нивната сопствена програма, а амбицијата е оваа прва фолклорна вечер да прерасне во фестивал и да стане традиционална манифестација.
Со ваквите настани се создаваат можности за младите генерации да ги негуваат традицијата и културниот идентитет, но и да градат пријателства и меѓусебно почитување преку уни


