Прилепчанецот Георги Николоски меѓу најдобрите млади хемичари во светот
Македонскиот тим оствари одличен успех, освојувајќи еден бронзен медал и три пофалници во конкуренција од 363 ученици од 93 држави, на 58. Меѓународна олимпијада по хемија (IChO), која се одржа во Ташкент, Узбекистан. Бронзениот медал го освои Теона Ана Георгиевска од ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје, додека пофалници добија Даниел Христов од СОУГ „Славчо Стојменски“ – Штип, Даниел Христовски од ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје и прилепчанецот Георги Николоски од СОУГ „Мирче Ацев“.
Ученикот Георги Николоски од СОУГ „Мирче Ацев“ – Прилеп освои пофалница на 58. Меѓународна олимпијада по хемија (IChO), која се одржа во Ташкент, Узбекистан.
Успехот на Николоски претставува уште едно значајно признание за неговото знаење и посветеност, но и за прилепското образование, имајќи предвид дека станува збор за едно од најпрестижните светски натпреварувања по хемија за средношколци.
Подготовките на македонскиот тим ги организираше Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, со поддршка од поранешни олимпијци, како и студенти, асистенти и професори од Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет.
Со освоената пофалница, Георги Николоски уште еднаш потврди дека е меѓу најдобрите млади хемичари во Македонија и достојно ги претстави Прилеп и државата на светската олимписка сцена.



