Заврши 23. „Пиво Фестивал“ – Прилеп три дена со пиво, скара и музика
Со настапот на хрватската поп-ѕвезда Јелена Розга, синоќа беше затворено 23. издание на „Пиво Фестивал“ во Прилеп, кое од 17 до 19 јули привлече бројни посетители од земјава и регионот.
Фестивалот започна во петок со настапите на Џенан Лончаревиќ, Огнен Здравковски и Bongas & Guitares, додека на Камената бина настапи SAJO.
Втората фестивалска вечер беше во знакот на Милица Павловиќ, а публиката уживаше и во настапите на Јордан Митев и Lockdown, додека на Камената бина настапи ACIKA.
Последната вечер ја отвори Марјан Коцев, по што следуваше настапот на рок-составот The Hounds, а годинашното издание беше заокружено со концертот на Јелена Розга. На Камената бина настапи MR. SPECT.
И оваа година „Пиво Фестивал“ понуди три вечери исполнети со музика, пиво и традиционална прилепска скара, продолжувајќи ја традицијата на една од најпосетените летни манифестации во Македонија.


