|

Изложба „Детски цртеж“ од Ателје Артика

На 5 јуни 2026 година (петок), со почеток во 18:30 часот, во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложбата „ДЕТСКИ ЦРТЕЖ“ на Ателје Артика.

На изложбата ќе бидат претставени околу 150 цртежи изработени од ученици кои посетуваат настава во ателјето, прикажувајќи ја нивната креативност, имагинација и уметнички развој.

Настанот е поддржан од Министерство за култура и туризам на Северна Македонија.

Ателје Артика, основано во 2021 година, претставува простор посветен на креативноста, уметничкото истражување и развојот на ликовниот израз. Во ателјето се реализираат часови по цртање, сликање, графика и скулптура за деца, млади и возрасни, со цел поттикнување на индивидуалниот уметнички израз и техничките вештини.

Наставата ја водат ликовните педагози Елена Димоска Николоска и Методи Исков, кои преку своето искуство создаваат инспиративна средина за учење, истражување и креативно изразување.

Слични Објави