(галерија) Игор Трпчески ја враќа „Лидија“ во Битола. Овој пат без Тихо

На 22 април од 20:00 часот, во UTOPIA Private Business Club ќе се одигра монодрамата „Лидија или сè што знам за жените“, базирана на романот на Тихомир Јанчовски..

Претставата, во адаптација, режија и изведба на Игор Трпчески, е отворен сценски процес – секоја изведба носи ново читање и емоција.

Ова е осма изведба во осум години и втора без авторот, кој неодамна го напушти овој свет. Првата се одржа изминатата сабота во Прилеп.

Музиката на Тони Миќевиќ ја засилува интимната атмосфера, а настанот е продолжение на врската меѓу Јанчовски и просторот каде често настапуваше.

Билетите се ограничени и чинат 250 денари.

фото;otv.mk

Слични Објави