„Stefanijazz Project“ на камерната сцена во ЦК „Марко Цепенков“ на 23 април
На 23 април 2026, четврток, од 19.00ч. на камерната сцена во ЦК „Марко Цепенков“ ќе се реализира концертот „Stefanijazz Project“, што е дел од годишната програма на НУЦК „Марко Цепенков“, со поддршка од Министерството за култура и туризам.
Податоци за концертот:
Концерт носи љубов кон музиката, искреност и стил кој спојува повеќе жанрови. Изведба на најистакнатите авторски композиции на Стефанија, преработени во современа џез фузија, џез-рок и босанова аранжмани, како и изведба на неколку џез стандарди – звук што го спојува класичното и модерното, нежното и енергичното.

УЧЕСНИЦИ:
• Стефанија Милевска Враниќ – вокал
• Билјана Трајковска – вокал и пратечки вокали
• Владимир Враниќ – гитара
• Владимир Николиќ / Dadoni – труба
• Ристо Крстевски – клавијатура
• Зоки Паркет – контрабас и бас
• Павел Талевски – тапани
Програма :
1. ЕДНО МОМЕ
2. БЕЗНАДЕЖЕН
3. THE MOMENT IS NOW
4. ПО ПАТОТ НА СВЕТЛИНАТА
5. AT LAST
6. БЕГАШ
7. ДА РАШИРАМ КРИЛЈА
8. SUMMERTIME
9. ПОСЛЕ ДОЖДОТ ДОАЃА СОНЦЕ
10.НЕШТО
11. HEY YOU LISTEN
12.МАЛКУ ЉУБОВ
13.НЕМА ДА МОЛЧАМ
******Stefanijazz Project претставува уникатен музички израз што ја спојува авторската чувствителност на Стефанија со богатството на џезот. Концертна програма која вклучува оригинален спој на неколку музички правци од нејзините најистакнати композиции, преточени во џез фузија, џез-рок и босанова аранжмани, како и нови интерпретации на класични џез стандарди. Со современ, но топол пристап, проектот се стреми да го доближи џезот до пошироката публика, а особено до млади слушатели, негувајќи културна
едукација, автентичност и жанровска отвореност. Со префинет баланс помеѓу нежност и енергија, Stefanijazz Project нуди доживување кое допира и инспирира. Овој концерт е замислен како интимно музичко патување кое нуди нов пристап кон сценската џез-изведба.
Програмата промовира домашна авторска музика, со уметничка и културно- едукативната вредност, која активно го охрабрува развојот на домашната џез сцена. Stefanijazz Project претставува платформа за музичари, жанровска креативност и современа култура. Како една од првите дипломирани џез пејачки во Македонија, Стефанија го прославува својот празник на музиката, преку истражување на границите на џезот и неговата способност да се интегрира со различни жанрови. Нејзиното долгогодишно сценско искуство околу 20 години како музички изведувач, потоа солистичките концерти, мјузикли и перформанси низ Македонија, Србија, Бугарија и Босна, континуирано создавајќи авторска музика, со карактеристични уметнички сценски изведби и 2 музички албуми зад себе, ги крунисува со концертна форма Stefanijazz Project


